сряда, декември 09, 2009

Писмо до Никола Вапцаров

Македония води диалог с предците:

Писмо до Никола Вапцаров

1909 -1942 -2009

Беше во екот на
la belle epoque
кога ти се роди
сите тогаш мислеа дека
во Европа ќе владее
esprit nouveau
но од балканските војни
до Првата и Втората светска војна
Европа се претвори во фабрика за смрт
и ти беше стрелан
од претставниците на фабриката за смрт
што во својата десна и лева
монструозна структура
произведе фашизам и комунизам.

На дваесет и трети јули 1942 година
те стрелаа во Софија.
Кој стрелаше?
Бугарските фашисти
на деветти јуни 1943
го стрелаа Кочо Рацин
во западно македонските планини.
Кој стрелаше?
Македонските комунисти.
Стрелаа и едните и другите
во Москва и Санкт Петербург
стрелаа во Берлин и Лајпциг
стрелаа во Париз и Рим
стрелаа во Токио и Пекинг
ликвидираа масовно
во Аушвиц и во Сибир
и така натаму и натаму така
што би рекол академик Гане Тодоровски.

Денешното ехо на посмодернизмот
се повторува во нашите историски очи и уши
со следните два слогови
исти, исти, исти.

Што остана во светската духовна историја
освен идеализмот,
светски поету Никола Вапцаров?,
ти беше дете на интернационалниот идеализам
и имаше антички поетски инстинкт
како античките трагичари
и затоа си бесмртен
подеднакво и во Бугарија и во Македонија
и во цела Европа
и на петте континенти
бидејќи во твојот поглед
на денот на твоето стрелање
на 23 јули, 1942 година
има толку бескрајни количини на љубов
кој што би можеле да ја сотрат за навек,
во вид на атомска експлозија,
балканската омраза
што се уште е присутна
да не речам доминантна
и во почетокот на третиот милениум
на овај полуостров.

Во твојот поглед на денот на стрелањето,
што е еден од ретките датуми
во интернационалната книжевна република,
слично како пронајдокот на Исак Њутн
за слободното паѓање,
се остварува Вапцаровиот принцип
на слободно постоење во три мига:
првиот е кога и велиш на мајка ти
смирувај се со зборовите на Исус.
Ако житното зрно најнапред не умре
тоа нема да даде плод,
вториот е кога и велиш на саканата
понекогаш ќе идам во твојот сон
и кога наситен ќе запрам да те гледам
ќе те бакнам и ќе заминам
и третиот е за историјата на човештвото
кој вели:
безмилосна е борбата и волчка,
и велат дека криела епичности
јас паднав, ќе ме смени друг и точка
што тука значи некаква си личност?

Во таа смисла, ако се направи еден
компаративен временски книжевен пресек
со еден твој, безмалку врсник
на другиот крај на земјата,
во Буенос Аирес,
роден малку пред тебе
а кој што
сметаше дека самиот рај личи на
голема библиотека
се работи за Хорхе Луис Борхес
кој веруваше дека
-единствено нешто што вистински е бесмртно
е само човештвото.



Сега верувам дека сте некаде заедно
во големата библиотека на рајот,
ти и Борхес,
и токму пред неколку дена ви се придружи еден
друг твој врсник
францускиот филозоф и антрополог
Клод Леви Строс,
кој што живееше сто години
а дојде до една сосема друга констатација:
за среќа, историјата на светот
започна без човекот
и повторно за среќа
ќе заврши без него!

Гледаш, драги Никола Вапцаров,
ако и ти живееше сто години,
како Клод Леви Строс
можеби Ќе дојдеше до истиот заклучок,
но ти не живееше и си замина на Исусова возраст,
та затоа враќање ти нема,
осуден си
да бидеш вечен како љубовта.

Јордан Плевнеш, източник

7.декември.2009 г.Скопје-Прага

4 коментара:

Belomore каза...

Е и?
Барем човекот не му е отрекъл правото на признание и в България :)

За сравнение, и България говори с предците си:
"Творчеството на Никола Вапцаров и неговите прочити представляват постмодерна мозайкa или бриколажи, които сблъскват в своя мета-разказ реда и безпорядъка, хармонията и дисхармонията, техническия рационализъм и духовната вяра, утопията и антиутопията, смисъла и безсмислието на съвременния свят."

Източник:
http://www.mediapool.bg/show/?storyid=159578&srcpos=17

Дине Абдурахманот каза...

Плевнеш пак се изпостмодернечил. Нерде Борхес, нерде Коле Вапцаров- сино на Йонко Паша. Ако толкоз ги беше грижа макосите за творештвото му, барем да беха научили некое стихотворение. Дори и по-образованите не знаят повеке от два-три реда.

Анонимен каза...

Вапцаров е преведен на македонски, звучи наистина смешно. За това, че македонеца е творил на български никъде нито дума.

Belomore каза...

За да сме прецизни, тук може и да не е казано, но в други информации по македонските медии около годишнината, беше изрично споменато, че е творил само на български език.

Споделените неща на Комитата

Виж какво споделям , заслужава си повече от това, което пиша. (старите споделени неща)